Одлични вести за Шифрин, се враќа на терените за две недели?

Најдобрата светска скијачка, Михаела Шифрин, успешно се опоравува од тешкиот пад што го доживеа во италијанската Кортина Д'Ампецо, а информациите што доаѓаат од медицинските лица се навистина охрабрувачки.

За среќа, Шифрин нема ниту една скршеница и минала само со полесни повреди. Во моментов се наоѓа на дополнителни прегледи во австрискиот Инсбрук, од каде ќе замине на домашна нега. Уште не е познато колку ќе отсуствува од ски-терените, а таму ја чека тешка битка во генералниот пласман со Лара Гут-Берами, која „ѝ дише во вратот“ и се „заканува“ да го преземе врвот во Светскиот куп. 

Во моментов Шифрин има 1020 бодови, додека Гут-Берами има 195 бода помалку.