Одермат со неверојатно второ возење до важен триумф во австрискиот Шладминг

Маестралниот швајцарски скијач, Марко Одермат е победник на велеслаломот во рамките на Светскиот куп, кој се возеше во австрискиот Шладминг. 

Победата е помалку неверојатна, затоа што Одермат беше дури единаесетти после првото возење, но во втората етапа успеа да ја надополни негативата од скоро цела секунда и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. За него ова беше осма победа во низа (комбинирано во спуст и велеслалом), и сега уште повеќе ја зголемува предноста во генералниот пласман, каде вкупно има 1,256 бодови. 

Второпласиран на денешната трка беше домашниот претставник, Мануел Фелер (заостана само 0,05 секунди, додека третото место му припадна на Словенецот Жан Крањец, кој имаше 0,29 секунди полошо време од победникот.