ВИДЕО: Одермат продолжи да доминира и победи на „супер-џи“ трката во Германија

Марко Одермат победи на трката во конкуренцијата „супер-џи“ која се возеше на патеката во Гармиш-Партенкирхен во рамките на Светскиот Куп.

Швајцарскиот скијач успеа да ја победи конкуренцијата, забележа најдобро време од 1:10,13 и беше најбрз. На подиумот освен Одермат имаше место и за Рафаел Хасер од Австрија кој „доцнеше“ 0,3 секунди, како и сонародникот Вон Алмен кој имаше 0,61 секунда поспоро време. 

Победникот Одермат е лидер во три од четирите конкуренции во Светскиот куп, па така и во „супер-џи“ и во генералниот поредок. Швајцарецот е на добар пат да ја освои титулата, а во моментов има огромна предност пред второпласираниот Сиприен Саразин од преку 700 поени.