• Горан Упале

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи во велеслаломот што се одржа во Аделбоден, Швајцарија и ја зголеми својата предност во дисциплината и во вкупниот пласман во Светскиот Куп.
Одермат победи со време од 2:27.55 минути и така ја забележа четвртата последователна победа на познатата патека. Искусниот Швајцарец по првото возење беше трет, но во продолжението успеа да ја надополни разликата од 0.34 секунди и стигна до 42-та победа во Светскиот куп, односно 26-та во велеслалом.
Второто место го зазеде неговиот сонародник Лоик Мејар со заостанување од 0.20 секунди. Италијанецот Лука де Алипрандини го освои третото место со 0.69 секунди заостанување зад Одермат.
Во генралниот пласман во велеслалом, Одермат е прв со 300 бода, пред Кристоферсен со 199 и Норвежанецот Александар Стен Олсен со 189 бодови. Одермат е прв во вкупниот пласман за Светскиот Куп со 730 бода, пред второпласираниот Кристоферсен кој има 574 и Мејар со 474 бода.