• Горан Упале
Марко Одермат продолжува да доминира во Светскиот Куп во алпско скијање, откако славеше и во велеслаломската трка во Банско.
Швајцарецот до 34. победа во кариерата, а десетта оваа сезона стигна со време од 2:15.75 минути. Тоа е деветта последователна велеслаломска трка во која Одермат победува, најмногу последователни триумфи во една дисциплина од Алберто Томба во слалом (1994/95).
Втор беше Александар Стен Олсен, кој имаше помали грешки во финишот, но сепак оствари место на подиумот, со заостанување од 91 стотинка во однос на Одермат. За надежниот 19-годишник тоа е втор подиум во кариерата, откако минатата година го освои слаломот во долината Сква. Австриецот Мануел Фелер заврши трет, со 1,08 секунди заостанување зад победникот, што е 23-ти подиум во кариерата за 31-годишниот Фелер.
Во пласманот во велеслалом, Одермат е прв со 600 бодови, а Зубчиќ е втор со 314. Во генералниот пласман Одермат има 1.506 бода, пред второпласираниот Сипријен Сарачин со 684 и Фелер со 669 бода.