• Горан Упале

На последната велеслаломска трка сезонава Марко Одермат ја потврди одличната форма и одново забележа триумф со кој постави рекорд по бројот на освоени бодови во една сезона во Светскиот Куп.
Одермат во Солде победи со вкупно време од 2:19.64. Во последната велеслаломска трка сезонава, Швајцарецот зад себе ги остави Хенрик Кристофересен (+2,11) и Марко Шварц (+2,29).
Со 2.042 бода во генералниот пласман, покрај големиот Кристален глобус, Одермат го собори и рекордот за вкупно освоени бодови во една сезона. Швајцарскиот скијач на тој начин го собори две децении стариот рекорд кој го држеше Херман Мајер со 2.000 бода во генералниот пласман. Апсолутниот рекорд го држи Тина Мазе со 2.414 поени.
Зад него во генералниот пласман останаа Александар Амот Килде (1.340) и Хенрик Кристоферсен (1.094).