ВИДЕО: Нов триумф за Гут-Берами, Швајцарката се доближува до водечката Шифрин

Швајцарската скијачка, Лара Гут-Берами, триумфираше на трката во велеслалом, која се возеше во австрискиот центар, Кронплац.

Трката од Светскиот куп беше навистина значајна за неа, затоа што сега има заостанување од 195 бодови зад лидерот во генералниот пласман, Михаела Шифрин. Гут-Берами беше најдобра во првата рунда, а потоа успеа да ја сочува предноста и триумфираше со вкупно време од 2:00.64 минути, оставајќи ги зад себе Алис Робинсон и Сара Хектор, кои го поделија второто место. И двете имаа исто време, заостанаа една секунда и девет стотинки зад победничката. 

Со оваа победа, Гут-Берами се искачи на врвот во велеслалом конкуренцијата, а во генералниот пласман има големи шанси да ја мине Михаела Шифрин (1.209 бодови), која пред неколку дена дожвеа незгоден пад и не е познато колку ќе отсуствува од терените.