ВИДЕО: Најдобрата светска скијачка со хорор-пад во Италија

Најдобрата скијачка во светот, Михаела Шифрин, доживеа незгоден пад на супст-трката која се возеше во италијанскиот Кортина Д'Ампецо. 

Лидерката во генералниот пласман беше во одличен ритам пред оваа трка и делуваше застрашувачки во однос на противниците, но доживеа голем пех откако се лизна и со голема брзина удри во заштитната ограда. 

Веднаш интервернираа службите за спасување, кои ѝ укажаа прва помош, а потоа со хеликоптер веднаш беше пренесена во најблиската болница, каде ќе се извршат дополнителни прегледи и ќе се утврди сериозноста на повредата. 

Во првите моменти сликата изгледаше навистина застрашувачки, затоа што Шифрин лежеше на снегот без никакви движења, но потоа официјалните лица изјавија дека таа е контактибилна и е надвор од животна опасност.