• Саше Љолес
Швајцарецот Марко Одермат го осигура првиот мал Кристален глобус во овогодинешното издание на Светксиот куп, откако и математички го обезбеди првото место во велеслалом.
27-годишниот Одермат стигна до признанието откако неговиот најголем ривал, Матиа Касе, доживеа пад на тренингот во спуст, што значи дека за него е завршена сезоната во која остануваат уште две трки.
Одермат има 181 бод повеќе, па така и теоретски се закити со малиот Кристален глобус, кој му припадна и пред две сезони. Швајцарецот во кариерата освојуваше еден „глобус“ и во спуст, а големиот глобус заврши во негови раце во 2022, 2023 и 2024 година.
Ништо полош не е и оваа година, има 1306 бодови во генералниот пласман, а зад него е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 946 бода.