ВИДЕО: Лара Гут-Бехрами најбрза на супервелеслаломот во Кортина Д'Ампецо

Лара Гут-Бехрами беше најдобра на супервелеслаломската трка која се одржа во италианскиот ски-центар Кортина Д'Ампецо.

Швајцарската претставничка дојде до нова победа во Светскиот Куп, откако забележа најдобро време од 1:20,75 минути. Второто место ѝ припадна на Штефани Вение која имаше 0,21 секунда поспоро време, додека на подиумот се пласира и Роман Мирадоли со 0,41 секунда задоцнување. 

Со овој триумф Гут-Бехрами го презеде водечкото место на табелата во „супер-џи“ конкуренцијата, додека во генералниот поредок е на 195 бода зад водечката Микаела Шифрин.