ВИДЕО: Лара Гут-Бехрами најбрза на домашниот спуст во Светскиот Куп

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами е победничка на спуст трката на домашната патека во Кранс Монтана во рамките на Светскиот Куп.

Со време од 1:19,11, Гут-Бехрами беше побрза од конкуренцијата и си ја зголеми предноста пред Микаела Шифрин во поредокот, користејќи го отсуството на Американката. Во моментов Швајцарката има 105 поени предност пред Шифрин во генералниот поредок. 

Што се однесува до спуст трката во Кранс Монтана, на второто место се пласираше Корнелија Хутер, која забележа исто време (1:19,32) со третопласираната Јасмин Флури.

Возбудувањата од Светскиот Куп кај дамите продолжуваат и викендов со уште две трки.