• Горан Упале
Хенрик Кристоферсен за 24 часа запиша уште една победа во Крањска Гора – по велеслаломот во саботата, тој беше најбрз и во денешниот слаломот, за негова вкупно 33. победа во Светскиот Куп во кариерата.
Кристоферсен имаше одличен настап во двете возења, што на крајот резултираше со време од 1:39.26 и првото место.
На втората позиција на подиумот се искачи уште еден Норвежанец, Тимон Хауган. Тој заостана 17 стотинки зад Кристоферсен, додека Мануел Фелер го комплетираше подиумот со 23 стотинки заостанување.
Лоик Мајор, кој водеше по првото возење, задоцни 24 стотинки зад победникот, а по него следуваа Неф, Мафат-Генде, Гастраин, Мекграт..
Во генералниот пласман Марко Одермат е прв со 1.306 бода, Кристоферсен има 946, а Мејар собра 731 бод.