ВИДЕО: Крихмајер најбрз на супервелеслаломската трка во Квитфјел

Супервелеслаломска трка се одржа и во машка конкуренција, а победник беше Винсент Крихмајер. Австриецот беше побрз од конкуренцијата на скијачката патека во норвешкиот центар во Квитфјел. 

Крихмајер финишира со време од 1:09,23 и солидна предност пред ривалите. На второто место се пласира Јефри Рид од Канада со 0,17 секунди поспоро време. Последното место на подиумот го фати Марко Одермат кој имаше исто време италијанскиот скијач Парис (1:09,42).

Одермат остана убедливо водечки на генералниот поредок, а го задржа првото место и во „супер-џи“ конкуренцијата пред денешниот победник Крихмајер. 

Следните трки се возат во Соединетите Американски Држави, во резортот Палисејдс Тахо следниот викенд, а потоа има и три трки во Аспен.