• Иван Димовски
Американската скијачка Линдзи Вон се враќа во спортот по пет години од пензионирањето.
По повлекувањето во 2019 година Американката сега најави дека ќе се врати на Светскиот куп. Неодамна Вон имаше операција на коленото и сега е повторно подготвена да се натпреварува.
Во својата блескава кариера таа освои три медали на Олимписките игри, во Светскиот ски куп дебитираше со 16 години, а сега 24 подоцна шпак ќе се натпреварува. Досега има 82 победи на трките во ова натпреварување, со осум медали.