• Мартин Танасковски

Една од најдобрите светски скијачки Петра Влхова порано од предвиденото ја завршува скијачката сезона по пад и тешка повреда.
За време на трката во словачкиот ски-центар Јасна, таа доживеа пад. По трката беа направени лекарски прегледи на кои е утврдено дека Влхова има скинати лигаменти на коленото и ја чека подолга пауза.
Влхова оваа сезона забележа три победи во слалом конкуренцијата, а во Светскиот Куп е на второто место зад Микаела Шифрин.