ВИДЕО: Килде прв низ целта на супервелеслаломот во Салбах

Андре Омот Килде од Норвешка победи на шестиот супервелеслалом за Светскиот Куп оваа сезона. Тој прв мина низ целта во австрискиот зимски скијачки центар Салбах и со време од 58.30 секунди лесно ја победи конкуренцијата.

Швајцарецот Мауро Кавицел задоцни 15 стотинки на второто место, а Германецот, Томас Дресен заостанa 31 стотинка зад победникот. Дресен го комплетираше одличниот настап на снегот во Салбах, откако вчера славеше на спустот за Светскиот Куп.

Килде сега уште поубедливо води во генералниот пласман во Светскиот Куп, пред својот сонародник Хенрик Кристоферсен и Мауро Кавицел од Швајцарија.