• Саше Љолес
Италијанската скијачка Софија Гоџа е победник на супер-велеслаломот во швајцарскиот Сент Мориц, кој се одржуваше во рамките на Светскиот Куп.
Гоџа дојде до победата со најдобро време од 1:16,63, а второпласирана беше Корнелија Хутер од Австрија, која заостануваше 0,95 секунди зад Италијанката. Третото место ѝ припадна на Лара Гут-Берами, со доцнење од 1,02 секунди.
Во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 520 бодови, втора е Петра Вихова со 391 бод, а третопласирана во моментов е Гут-Берами со шест бодови помалку. Викендов во Сент Мориц ќе се одржат уште по една трка во спуст и велеслалом.