• Саше Љолес
Скијачот Мирко Лазаревски оствари одличен резултат за себе и за Македонија, откако постигна најдобар резултат во досегашната кариера на алпскиот натпревар во романскиот ски-центар, Појана Брашов.
Лазаревски двапати се качи на подиумот, најпрво на слаломската трка заврши на второто место со 56,64 FIS точки, а во втората трка со импресивни 48.47 FIS точки ја освои третата позиција, докажувајќи дека нашата држава има одличен скијачки бисер кој поседува голем потенцијал.
Нашиот Лазаревски потврди дека во иднина може да биде уште подобар, а тоа го докажа со одличната подготвеност и врвната техника прикажана во Романија.