• Горан Упале
Австриската скијачка Корнелија Хитер победи на спустот во Квифтјел, Норвешка, запишувајќи го четвртиот триумф во оваа дисциплина.
За девојката од Грац ова воедно беше деветто славје во Светскиот Куп, а стоперката по нејзиниот настап покажа 1:31:46.
Германката Ема Ајхер го освои второто место со заостанување од 15 стотинки, додека Американката Бриси Џонсон го комплетираше подиумот со време од 1:31:86.
Во сабота е закажана уште една женска трка во спуст во оваа скандинавска земја, додека во недела ќе се вози велеслаломот.