ВИДЕО: Хенрик Кристоферсен четврти пат победи во Крањска Гора

Хенрик Кристоферсен победи на велеслаломската трка во Светскиот куп која се одржа во Крањска Гора. 

Норвежанецот стигна до четврта победа на словенечката патека во ова натпреварување и одново докажа дека сака да скија тука. До победата Кристоферсен стигна со време од 2:18,18 во двете возења. 

На второто место зад себе го остави младиот Лукас Братен кој имаше 0,41 секунда задоцнување. На подиумот заврши и швајцарскиот скијач Марко Одермат.

Во велеслалом Одермат и натаму е водечки со 420 бода, пред Кристоферсен кој има 379, а предноста на Швајцарецот во генералниот пласман е уште поголем.