ВИДЕО: Гут-Бехрами победи и во Андора и ја мина Шифрин во Светскиот Куп

Иако никој не очекуваше сезона во Светскиот Куп во знакот на една скијачка, сепак првата половина минува во знакот на едно име. Швајцарката Лара Гут-Бехрами победи и на велеслаломската трка во Солдеу во Андора.

Сопругата на швајцарскиот фудбалер Бехрами беше деветта по првата трка, но во второто возење блесна и до победата стигна со вкупно време од 1:59.27 минута. Само еден стоти дел од секундата заостана второпласираната Алис Робинсон од Нов Зеланд. Третото место го освои Американката Еј Џеј Харт.

Лара Гут-Бехрами го презеде врвот во генералниот пласман за Светскиот Куп, со пет бода повеќе од Микаела Шифрин која поради повреда не настапува викендов.