ВИДЕО: Германката Ема Аихер триумфира на спуст-трката во норвешкиот Квифтвејл

Германката Ема Аихер го продолжи својот одличен настап на патеката во норвешкиот Квитфејл и триумфираше во денешната спуст-трка, оставајќи ја зад себе Американката Лорен Макуга, која доцнеше само три стотинки. 

21-годишната Аихер првпат во кариерата се искачи на подиумот на првата трка која се одржа на 27 март, со што го комплетира успешниот викенд во Норвешка. 

Германката имаше мало заостанување зад Макуга, но успеа да ја надополни негативата со одлично скијање во последните метри од патеката. Славната Линдзи Вон ја заврши трката на шеснаесеттото место.