• Зоран Мишевски
Французинот Нилс Алегре приреди големо изненадување со победата во супервелеслаломот за Светскиот куп во Гармиш Партенкирхен. Алегре дојде до својата прва победа во кариерата, на општо изненадување на фановите и конкуренцијата.
30-годишниот Французин имаше 18 стотинки подобро време од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување. По две четврти места, Алегре првпат во Светскиот Куп е на највисокото место на пиедесталот.
Во генералниот пласман за Светскиот Куп води Одермат со 1.306 бодови, а Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови.