ВИДЕО: Филип Димовски ја „разнесе“ конкуренцијата на престижниот Покал Лока

Македонското алпско скијање има нов „бисер“. Малку наши скијачи победиле на престижната трка во алпско скијање Покал Лока во Словенија, па затоа освојување на ова натпреварување е добар предзнак пред почетокот на професионалната кариера. 

Младиот Филип Димовски ја „разнесе“ конкуренцијата о 240 скијали од 26 земји од целиот свет. Слаломската трка Димовски ја мина со време 1:28.49 минути, победувајќи ги Словакот Матеј Магдолен и Гркот Апостолос Летсиос.

Интонирањето на македонската химна во Совенија беше најемотивниот момент во најголемиот успех во кариерата на младиот Филип. Со оглед на неговите настапи на голем број трки ширум Европа, ова со сигурност нема да биде последен голем успех на Филип Димовски.