ВИДЕО: Вение до првенец на „супер-џи“ трките во Светскиот куп

Стефани Вение запиша победа на супер-џи трката во Кранс Монтана во рамките на Светскиот куп. 

Австријката забележа време од 1:16,52 минути, што беше доволно за третата победа на Вение во кариерата, а прва на супервелеслаломските трки. Зад Вение на подиумот имаше место за две Италијанки. 

Второпласирана финишира Федерика Брињоне со задоцнување од минимални 0,04 секунди, додека на третото место се пласира Марта Басино со 0,11 секунди поспоро време. 

Во генералниот поредок и натаму водечка е Лара Гут-Бехрами пред Микаела Шифрин, додека Брињоне ѝ се приближува на Американката која во моментов не скија.