ВИДЕО: Дресен ги победи Швајцарците на драматичниот спуст во Салбах

Томас Дресен од Германија победи на спустот за Светскиот Куп, кој претпладнево се возеше во австрискиот зимски скијачки центар Салбах. Со оглед на тоа што разликата помеѓу најдобрите тројца беше девет стотинки, ова беше најизедначената трка сезонава.

Дресен низ целта мина со резултат 1:32.96 минути за трета победа во спуст оваа сезона, петта во кариерата. Беат Фојц од Швајцарија задоцни седум стотинки, а подиумот го комплетираше Мауро Кавицел со девет стотинки послабо време. Швајцарската доминација зад победникот Фресен ја комплетираа Карло Јанка и Нилс Хинтерман.

Беат Фојц со 600 поени е лидер во спуст, а Томас Дресен со денешната победа стигна до второто место.

Утре во Салбах се вози супервелеслалом во машка конкуренција.