ВИДЕО: Доминик Парис е победник на спуст-трката во норвешкиот Квитфјел

Италијанскиот скијач Доминик Парис е победник на трката во спуст, која се возеше во рамките на Светскиот Куп, а се одра во норвешкиот Квитфјел.

Парис извозе најдобро време од 1:44.67 минути, оставајќи го зад себе Марко Одермат (0,32 секунди заостаток) и Штефан Рогентин (задоцни 0,63 секунди). 

Одермат останува лидер во генералниот пласман со 1,386 бодови и сега има 440 повеќе од второпласираниот Хенрик Кристоферсон од Норвешка. Истиот скијач ја предводи и листата во спуст-конкуренцијата со 525 бода, 103 повеќе од Фран Фон Алмен, а денешниот победник Парис е седмопласиран со 222 бодови на своето салдо. 

Натпреварувањата во Светскиот куп ќе продолжат в сабота, кога на програмата е вториот спусти во Квитффјел, а на истата патека ќе вози и трката во супервелеслалом.