• Саше Љолес
Швајцарските скијачи доминираа на денешната спуст-трка која се одржа во норвешкиот Квитфјел, а најдобар беше Фрањо Фон Алмен, кој извозе најдобро време од 1:45,46 минути.
На втората позиција се пласираше лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат, кој доцнеше само 28 стотинки, а зад него беше Стефан Рогентин, кој имаше заостанување од 38 стотинки.
Одермат останува неприкосновен на првото место во Светскиот куп со 1,466 бодови, а по него следуваат Хенрик Кристоферсон (46 бода) и денешниот победник Фон Алмен со 756 бодови.