ВИДЕО: Даниел Јул до сензационална победа на слаломот во Шамони

Швајцарецот Даниел Јул победи на слаломската трка во Шамони и приреди големо изненадување. 

Првпат во историјата на Светскиот Куп победи скијач кој по првото возење беше рангиран на 30. позиција. Јул успеа да направи голем подвиг и со време 1:36,24 дојде до највисокото место на подиумот. 

На второто место со задоцнување од 0,16 секунди беше Лоик Мејер, додека 0,18 секунди доцнеше Клемон Ноел. 

Следниот викенд на програмата се слаломската и велеслаломската трка во Банско.