Четирите македонски нордијци со пласман на спринт трките на СП во Норвешка

Четирите македонски претставници на Светското првенство во нордиско скијање во Норвешка остварија пласман во спринт трките во машка и женска конкуренција. 

Ана Цветановска беше единствена наша скијачка во Норвешка. Таа ја заврши спринт трката со пласман на 92. место од вкупно 121 натпреварувачка. Златниот медал кај дамите замина во рацете на Сундлинг од Шведска, сребрена беше Скистад, а бронзата ја освои Фахнрдиш од Швајцарија. Цветановска освен на спринтот на 1,3 километри, ја очекува настап и во квалификациите за 7.500 метри класичен стил. 

Кај мажите најдобар пласман имаше Ставре Јада. Тој финишира на 126 место во генералниот поредок од вкупно 182 скијачи. Освен Јада, трката ја завршија Дарко Дамјановски на 148. позиција, додека Виктор Чакаревски беше 167. 

Македонските скијачи ќе настапуваат и во други конкуренции и тоа: Јада ќе биде дел од трката на 10.000 метри класичен стил на 4 март, а заедно со Дамјановски ќе настапат на тимскиот спринт на 1.300 метри на 5 март.

Златото кај мажите замина во рацете на Клаебо, а на подиум беа уште Пелегрино и Вуоринен.