Петнаесет олимпијци досега за Македонија, двајца дебитанти во Милано Кортина

На претстојните 25-ти Зимски олимписки игри, кои од петок до 22 февруари ќе се одржат во Милано Кортина, Италија, Македонија ќе има четворица спортисти-учесници. Тоа се Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско и Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпско скијање.

Македонските скијачи, под македонското знаме, досега учествувале на шест Зимски Олимписки Игри (ЗОИ), почнувајќи од тие во Нагано, Јапонија, во 1998 година. Потоа следуваа Игрите во Солт Лејк Сити, САД, во 2002 година; во Торино, Италија, во 2006, во Ванкувер, Канада, во 2010, во Сочи, Русија, во 2014, и во Пјонгчанг, Јужна Кореја, во 2018 година.    

Македонија на Зимските Олимписки Игри имала вкупно 15 преставници, седум во женска (четири нордијки и три алпинки) и осуммина во машка конкуренција (тројца нордијци и петмина алпинци). Најмногу настапи, на по три зимски олимписки игри, имаат нордиецот Дарко Дамјановски (во 2006, 2010 и во 2014 година) и алпинецот Антонио Ристевски (во 2010, 2014 и 2018 година).

Два настапа на Зимски олимписки игри има Ставре Јада, а по еден имаат алпинците Јана Николовска и Александар Стојановски (во 1998 година), Ивана Ивчевска и Ѓорги Марковски (во 1996) и Дехари (во 2022), како и нордијките Росана Кироска (во 2010), Марија Колароска (во 2014), Викторија Тодоровска (во 2018) и Ана Цветановска (2022).Што се однесува до досегашните настапи и пласмани на македонските скијач(к)и на зимските игри, во алпско скијање најдобар пласман има Ристевски, 29-то место, во слаломот на Зимските Олимписки Игри во 2014 година.

Македонија на Зимските олимписки игри

Албервил - 1992 Весна Дунимагловска- 34. место (слалом)
* За првпат македонски претставник на Зимските Олимписки Игри, во селекцијата на „скратена“ Југославија (без Словенија и Хрватска)
Нагано, Јапонија, 1998: Јана Николовска, Александар Стојановски (алпско скијање), Ѓоко Динески (нордиско скијање)
Солт Лејк Сити, САД, 2002: Дејан Пановски (алпско скијање), Ѓоко Динески (нордиско скијање)
Торино, Италија, 2006: Ивана Ивчевска, Ѓорги Марковски (алпско скијање), Дарко Дамјановски (нордиско скијање)
Ванкувер, Канада, 2010: Антонио Ристевски (алпско скијање), Росана Кироска, Дарко Дамјановски (нордиско скијање)
Сочи, Русија, 2014: Антонио Ристевски (алпско скијање), Марија Колароска, Дарко Дамјановски (нордиско скијање)
Пјонгчанг, Ј. Кореја, 2018: Антонио Ристевски (алпско скијање), Викторија Тодоровска, Ставре Јада (нордиско скијање)
Пекинг, Кина, 2022: Дардан Дехари (алпско скијање), Ана Цветановска, Ставре Јада (нордиско скијање)
Милано Кортина, 2026: Ана Цветановска, Ставре Јада (нордиско скијање), Атанасовска и Виктор Петков (алпско скијање)