ВИДЕО: Брињоне прва на велеслаломот во Оре, Шифрин не ја мина целта

Италијанската скијачка Федерика Брињоне победи во велеслаломот што се одржа во рамки на Светскиот куп во Оре, Шведска.

Брињоне заврши како прва со резултат 1:52,67 секунди, второто место и припадна на Австралијката Алис Робинсон со заостанување од 1,36 секунди, додека трета беше Лара Колтури од Албанија со заостанување од 1,43 секунди. Трката не ја заврши Микаела Шифрин која се уште ја бара формата по последната победа.

Брињоне е прва во генералниот пласман на Светскиот куп со 1.294 бодови, 322 повеќе од вицешампионката Лара Гут-Бехрами од Швајцарија. Робинсон е прва во пласманот за велеслалом со 520 бодови, 20 повеќе од второпласираната Брињоне. Трета е Швеѓанката Сара Хектор со 387 поени, додека Колтури го зазема четвртото место со 334 поени.

Натпреварот во Светскиот куп ќе продолжи утре со слаломот во Оре.