ВИДЕО: Брињоне повторно блесна во второто возење и по вторпат триумфираше во Сестриере

Два велеслалома во Сестриере и две победи на Федерика Брињоне. Италијанката буквално го повтори истиот рецепт како во петокот кога славеше во познатиот италијански зимски центар во трката од Светскиот Куп.

По првото возење, таа беше трета, а потоа во второто возење, беше убедливо најдобра, што ѝ донесе нов триумф. Таа на целта стигна со вкупно време од 2:08.81 минути.

Второто место ѝ припадна на Швајцарката Лара Гут-Бехрами, која заостана 77 стотинки зад победничката. Само две стотинки побавна од Лара беше Алис Робинсон на третото место.

Робинсон останува на првото место на табелата во велеслалом со 440 бодови, 40 повеќе од Брињоне. Во генералниот пласман Брињоне е лидер со 999 бодови, а Гут Бехрами моментално е на второто место со 809 бодови.