Братен најбрз во Зелден за прв триумф во кариерата во Светскиот куп

Норвежанецот, Лукас Братен стигна до првиот триумф во Светскиот куп во скијање, откако беше најбрз на велеслаломската трка во Зелден, Австрија. 

20-годишникот стигна до првиот подиум, а воедно и прво славје во својата кариера. Братен ја заврши трката со време 2:14.41 минути, што беше за само 0,05 секунди побрзо од Швајцарецот Марко Одермат. Зад нив во многу мал интервал пред четвртиот, до подиумско место стигна и Кавицел пред Пинтро кој важеше за најголем фаворит. 

Петтото место го зазеде Кристоферсон, а во топ десет се пласираа Меиљард, Крањец, Хауген, Фаврот и де Алипрандини.

Следната трка кај мажите е закажана за 14 октомври во Леч и скијачкиот центар Зурс во Австрија.