• Горан Упале
Скијачката од Босна и Херцеговина, Елведина Музафешија го запиша резултатот на кариерата, откако заврши на четвртата позиција во спуст во Кран Монтана, Швајцарија.
Прва на спустот во Швајцарија беше Марта Басино, а втора нејзината италијанска сонародничка Федерика Брињоне. Третото место го зазеде Лара Гут-Бехрами, а четвртото Музаферија. Елведина имаше секунда и 22 стотинки полошо време од Марта Басино.
Музаферија неодамна имаше одличен резултат на супервелеслаломската трка во Кортина Д'Ампецо, Италија. Тогаш таа заврши четиринаесетта, а денес никој не очекуваше дека 24-годишната девојка од Високо ќе има таков пласман.