По долга пауза поради тешка повреда, една од најголемите ѕвезди на светското алпско скијање, Федерика Брињоне, утре повторно ќе настапи на натпреварувачките патеки. Италијанската скијачка, која минатата сезона победи во Светскиот Куп, речиси девет месеци мина во рехабилитација по сериозната повреда што ја доживеа за време на една трка.