• Горан Упале
Словенечкиот скокач Тими Зајц е победник на последното натпреварување од сезоната во ски-скокови во Светскиот Куп, на легендарната Планица.
Светскиот шампион (455,1 поен) пред 13.500 гледачи само десетинка го победи сонародникот Анже Ланишек во финалето на најдобрите триесет. Трет беше Австриецот Стефан Крафт (445,1).
За 22-годишниот Зајац, кој пред само еден месец стана светски првак на големата скокалница во Планица, ова беше трета победа во кариерата.
Севкупната победа во летови ја обезбеди Крафт, кој ги искористи полошите летови на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд на последната етапа од Светскиот Куп.