• Мартин Танасковски
Скијачите оваа сезона навистина немаат среќа затоа што одложени се неделните настани поради лошо време.
Ветрот дуваше силно и носеше сè пред себе, а исто така паѓаше и силен снег. Така, на двете патеки немаше услови за да се одржат настаните.
Поради лошото време одложен е „супер-џи“ настанот кај дамите во Сент Мориц, како и слаломот во Вал Д'Изер за мажите.
Кај скијачките ова е трета одложена дисциплина сезонава, додека кај мажите се одржаа само две трки.