• Мартин Танасковски
Одличен старт на турнејата „Четири скокалници“ со која се најавуваат новогодишните празници во Оберсдорф. Победник на првиот настан е Германецот Андреас Велингер, кој имаше одличен настап и заслужено дојде до триумфот.
Со вкупно 309,3 поени, Германецот финишира на првото место пред јапонскиот скокач Рјоју Кобајаши кој освои 306,3 поени. Третото место на подиумот му припадна на Штефан Крафт од Австрија со 298,9 поени.
За Велингер да победи на овој настан доволни му беа скокот од 128 метри во втората серија, како и предноста која ја стекна во првата серија. Тој беше најдобар во квалификациите, а дека е во топ-форма потврди и на првата скокалница.
За Велингер ова беше 106. подиум во кариерата. Турнејата „Четири скокалници“ продолжува во Гармиш-Партенкирхен во првиот ден од Новата година, а потоа се сели во Австрија.