• Иван Димовски
На крајот на оваа и почетокот на 2025 година ќе се одржи турнејата Четири скокалници, а овојпат на неа нема да настапи Камил Стох.
37-годишникот кој е еден од шесте скокачи кои барем трипати ја освојувале оваа турнеја, реши дека не е доволно подготвен за да биде компетитивен на натпреварувањето. Тој зад себе имаше слаба форма на стартот на сезоната, но доби повик на Четири скокалници.
Сепак, самиот Стох реши да не се појави на оваа турнеја годинава. Полјакот во својата кариера победи 39 пати во Светскиот куп, а вкупно има 80 подиуми.