Трагедија во Швајцарија, олимпијка загина во лавина

Трагични вести доаѓаат од Швајцарија за смртта на младата Софи Хедингер. 

Се работи за сноубордерка од оваа земја која беше претставничка на Швајцарија на Олимписките игри во Пекинг пред две години. Таа настапуваше во дисциплините сноуборд и мешовита тимска верзија на истата дисциплина во Кина. 

Причината за смртта е лавина во планинското одморалиште Ароза која ја зафатила Хедигер и не успеала да се спаси. 

Сезонава 26-годишната Софи Хедигер го имаше најдобриот резултат во Светскиот куп кога заврши на второто место во Сент Мориц.