Спремно 73. издание: „Четири скокалници“ со никогаш повеќе фаворити

Новогодишните и божиќните празници се оскудни со спортски настани, но симбол за деновите на истек од старата и почетокот на новата година е турнејата „Четири скокалници“.

Сезонава турнејата ќе се одржи по 73-ти пат во својата историја, а традиционално започнува во Оберстдорф, каде главното натпреварување е закажано за в недела. Потоа најдобрите ски-скокачи на денешницата се селат во Гармиш-Партенкирхен на Нова Година, пред да се преселат во Австрија на преостанатите две станици од турнејата, прво во Инсбрук на четврти јануари, а потоа во Бишофсхофен два дена подоцна.

Распоред на натпреварите:

Оберстдорф:
29 декември 16:30

Гармиш-Партенкирхен:
1 јануари 14:00 

Инсбрук:
3 јануари 13:30 

Бишофсхофен:
6 јануари 16:30

Германецот Пијус Пашке, кој моментално води во генералниот пласман на Светскиот Куп е прв фаворит. Пашке оваа сезона победи на пет од десет натпреварувања и пред почетокот на новогодишната турнеја, неговата предност во трката за Кристалниот глобус е 79 поени пред Даниел Чофениг од Австрија.

Чофениг, кој сезонава победуваше два пати, ги предводи австриските кандидати за титулата, вклучувајќи ги Јан Херл и Штефан Крафт, кој е единствениот во топ 10, во Светскиот куп што го има „Златниот орел“.

Од сенка својата шанса ја чекаат Швајцарецот Грегор Дешванден и уште еден германски скокач Андреас Велингер.