• Иван Димовски
Ловро Кос победи на натпреварот во ски-скокови кој се одржа во ски-центарот во фински Лахти.
Словенечкиот скокач победи со 265,5 бода на своето конто. Тој успеа да скокне 127 и 134 метри, победувајќи ја конкуренцијата.
На второто место се пласира Андреас Велингер со 257,1 поени, додека Руои Кобајаши го комплетира подиумот во Лахти.
Инаку, во генералниот поредок водечки е Штефан Крафт со 1.546 поени, додека Кобајаши е второпласиран со 1.337 и Велингер е трет со 1.258.