• Горан Упале
Светскиот Куп во скијачки скокови продолжи во Закопане, Полска, каде се одржа првото тимското натпреварување сезонава. Победници се Австријците, кои во тензична битка ги совладаа Словенците.
За победниците скокнаа Мајкл Хејбоек, Мануел Фетнер, Јан Хорел и Стефан Крафт, додека за Словенците настапија Ловрко Кос, Домен Превц, Петер Превц и Анже Ланишек. Клучниот момент се случи во втората серија. Кога сите очекуваа дуел меѓу Крафт и Ланишек, Хејбоек направи мини-чудо.
Најслабо рангираниот скокач на австриската репрезентација го имаше скокот на денот. Прелета дури 142,5 метри, што ги остави Словенците во неверување, но и без злато. Тоа е и рекорд во кариерата за австрискиот скокач.