Славниот Петер Превц ја заврши кариерата со настап на легендарната Планица

Словенечкиот ски-скокач, Петер Превц, официјално заминува во спортска пензија и става крај на својата богата кариера. Славниот скокач се збогуваше со последниот скок на легендарната Планица и го освои шестото место, по што беше испратен со овации од 20.000 посетители. 

Превц оствари скокови од 233.5 и 226.5 метри и собра вкупно 422.4 бодови, доволни за шестата позиција, односно трето место во генералниот пласман. 

Веднаш после вториот скок на Превц, судиите му дадоа симболична оценка 22, а Меѓународната скијачка федерација накратко го прекина натпреварувањето за да му оддаде признание на 31-годишниот Словенец и му се заблагодари за успешната кариера и промоцијата на овој спорт ширум светот. 

Превц на крајот беше поздравен од своите најблиски роднини и пријатели, а тука беше и неговиот брат, Домен Превц, кој ја заврши денешната скокалница на втората позиција. Петер Превц е четирикратен освојувач на медали од Зимските Oлимписки Iгри, а во своите витрини има уште неколку одличја од европските и светските првенства.