• Горан Упале
Нориаки Касаи, легендата на ски-скокови, освои бод во Светскиот куп откако во Сапоро го освои 30. место со скокови од 117 и 104 метри. Касаи е роден на 6 јуни 1972 година и со тоа стана првиот натпреварувач во историјата на скијачките скокови кој освоил поен по својот 50-ти роденден.
Светскиот шампион од 1992 година од леталницата Харачов и освојувач на бројни индивидуални и екипни олимписки и светски медали беше 28-ми по првата серија, а по втората падна на 30-то место во генералниот пласман.
Последен пат Касаи во Светскиот Куп имаше настап пред две години, но си постави цел што сака да ја постигне и покрај доцните години во спортот. Во јуни ќе го прослави својот 52 роденден, но таа бројка не го спречува да сонува за 600 ски-скокови во Светскиот куп. Тој е Гинисов рекордер по бројот на настапи во сите светски купови на Светската скијачка организација. Досега има собрано 571 скок во Светскиот Куп.