• Иван Димовски
Штефан Крафт победи на третата епизода од новогодишната турнеја Четири скокалници. Со два одлични скока Австриецот го презеде водството на скокалницата во Инсбрук.
Скоковите на Крафт не беа најдолги, но доби најмногу поени. Тој скокаше 131.5 и 132.5 метри во двата обиди. На второто место се пласира Јан Ерл со само 1,4 бода помалку од лидерот, додека третата позиција ја зазема Даниел Чофениг.
Овие резултати ветуваат драма на последното скокалиште во Бишофсхофен. „Златниот орел“ речиси сигурно по десет години ќе оди во раците на еден Австриец, а во игра се дури тројца.
Лидер во поредокот на Четирите скокалници е Крафт со 0,6 бода пред Ерл и 1,3 бода повеќе од Чофениг.