• Иван Димовски
Шампионот од минатата сезона Штефан Крафт тргна со победа во овогодинешната сезона на Светскиот Куп. Австриецот беше најдобар на скокалницата во финскиот град Рука, победувајќи ја конкуренцијата.
Крафт имаше два скока од 144 и 143 метри, со што собра вкупно 362,2 поени, доволни за триумф на првиот натпревар во скокови. На втората позиција заврши Пјус Пашке, кој имаше скокови од 142 и 142,5 метри, па заостана зад Крафт за 10,5 поени.
На подиумот имаше место уште за Штефан Лаје кој скокна 137 и 143,5 метри, за 312,2 поени.
Уште едно натпреварување во Рука е закажано за в недела.