• Горан Упале
Традицијата продолжува – овој викенд ќе се одржи јубилејниот 60-ти Мавровски меморијал, кој наместо во Маврово, ќе се одржи во Словенија.
„Со особена почит и гордост ви го најавуваме новото издание на најстариот нордиски Куп на Балканот, кој се одржува во чест и сеќавање на загинатите градители на хидросистемот Маврово“, велат од Скијачката федерација на Македонија.
Оваа година, поради неповолните снежни услови во Маврово, традиционалните трки продолжуваат во ски-центарот Покљука, Словенија.
Настанот е во организација на Скијачка федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и ски-клубот Мирна Долина.