Публиката занеме: Американец лошо слета и ги исплаши присутните со тежок пад (ВИДЕО)

Првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во ски-скокови во австрискиот центар Кулм понуди една страшна сцена. Имено, американскиот претставник Ерик Блишоу имаше страотен пад. 

Неговиот скок беше преку 190 метри, меѓутоа Блишоу загуби рамнотежа при слетувањето, а тоа во овој спорт резултира со сериозни падови. Американецот се тркалаше на крајот од скокалницата, а за негова среќа мина без потешки повреди. 

Кај Блишоу кој бргу стана и покажа дека е добро поголемо беше разочарувањето за уништениот скок, отколку стравот од потенцијална повреда. Тој ќе биде подложен на дополнителни медицински тестови, па треба да се утврди дали ќе може да настапи на следниот настан.